Top Sport

Накагами неизвесен за трката во Јапонија

Такаки Накагами немаше среќа викендов на Гилемата награда на Арагон. По контактот со Марк Маркез, Накагами мораше да ја заврши трката веќе во првиот круг, а сега прашање е дали ќе може да вози во наредната трка во Јапонија.

Мото ГП се враќа во Јапонија за прв пат по 2019 година, а Накагами можеби нема да вози пред домашните навивачи поради повреда на десната рака.

Возачот на Хонда ќе биде подложен на дополнителни прегледи и тестови за да се утврди дали ќе може да се натпреварува во Јапонија.

„Имав тешка недела. Почнав добро, но потоа следеше падот. Имав контакт со Марк и имав непријатен пад и многу сум разочаран. Сега одам во Барселона за да ја проверам повредата што ја добив на малиот и домалиот прст на десната рака десната рака. Ќе дадам се од себе да се обидам да се рехабилитирам до трката во мојата Јапонија“, изјавил Накагами.

 

Scroll to Top