Наредната сезона во шампионатот на Формула 1 би можелда да биде последна за Себастијан Фетел во тимот на Ферари. Германецот се уште не добил понуда за продолжување на договорот.
Четрикратниот светски шампион зад себе има лоша сезона во која забележа само една победа (Сингапур) и го освои скромното петто место во генералниот пласман.
Италијанските медиуми тврдат дека поради лошата форма Фетел нема да добие нов договор, односно Ферари ќе се обидат во 2021 година кога ќе му истече договорот на Германецот да го донесат во тимот Британецот Луис Хамилтон.
Шпанскиот весник „Марка“ оди чекор понапред и тврди дека од 2021 година Фетел ќе го вози болидот на Мекларен.
Мекларен константно ги подобрува своите перформанси, а од 2021 година тие ќе добиваат мотори од Мерцедес.