Top Sport

НАСКАР ги забрани знамињата на конфедерацијата, еден возач се закани со заминување

Најпопуларната американска тркачка серија НАСКАР објави дека ќе го забрани веењето на конфедерациските знамиња на сите свои трки, откако единствениот црн возач во серијата, Дарел „Баба“ Волис призна дека се чувствува непријатено со знамињата на американскиот Југ од Граѓанската војна.

Знамињата нема да можат да се веат на трките, ниту да се поврзуваат со НАСКАР на било кој начин.

„Присуството на конфедерациските знамиња на НАСКАР трките се во спротивност со нашата посветеност за инклузивна атмосфера за сите фанови, натпреварувачи и цела индустрија“, објавија од НАСКАР.

Реј Чикарели, возачот во НАСКАР тракс серијата пак, преку Фејсбук најави дека ќе го напушти спортот по оваа забрана.

„Беше забавно и остварување на сонот, но ако ова е насоката во која оди НАСКАР, ние нема да учествуваме по крајот на сезоната 2020. Не верувам во клечењето за време на химната, ниту одземање на правото да се носи било кое знаме кое луѓето го сакаат. Воопшто не ми е гриажа за конфедерациското знаме, но има луѓе кои го носат и тоа не ги прави расисти. Ова значи дека сè е на продажба“, вели Чикарели.

Scroll to Top