Директорот на Ферари, Фредерик Васер откри дека преговорите со Луис Хамилтон за трансфер во Скудерија минале сосема без проблеми.
Хамилтон по 12 години го напушти Мерцедес на крајот од сезоната во Формула 1, со кој освои шест од седумте шампионски титули, од следната година ќе вози за Ферари.
„Победивме повеќе трки во 2023 година од Мерцедес, почетокот на сезоната исто така беше добар, па не беше толку тешко да го убедиме дека Ферари ќе биде добар проект. Мислам дека на 22 или 23 години имаше идеја да вози за Ферари, бидејќи за тоа зборувавме во 2004 година“, рече Васер на традиционалниот божиќен ручек со новинарите во Маранело.
„Тоа значи дека не беше толку тешко. Понекогаш станува збор за случајност или ќе се поклопат планетите, дека тој е на пазарот, дека Ферари има слободно место и слично. Но контактот беше лесен. Почнавме да разговараме пред една година и воопшто не ни беше тешко да го убедиме“, додаде тој.
Васер откри дека како и во случајот со Шарл Леклер и Карлос Саинц и наредната сезона кога во тимот ќе бидат Леклер и Хамилтон нема да има пвластен возач.
„Преферирам да се борам за првите две места него за 19. и 20. и тоа е јасно. Последните две години им дозволив да се борат на патеката и тоа му беше од корист на тимот, бидејќи беше дел од закрепнувањето. Леклер и Саинц се „имаа огромна меѓусебна почит“, додаде Васер.
Леклер и Хамилтон имаат добри односи и директорот на тимот верува дека тоа може да продолжи во Ферари.
Хамилтон ќе вози за Ферари за прв пат на претсезонските тестирања во Бахреин од 26 до 28 февруари.