Top Sport

Неколку милиони го убедиле Хорнер да го одбие Ферари

Хелмут Марко, советник во Ред Бул, изјави дека Кристијан Хорнер, првиот човек на австрискиот тим, за малку ќе завршел во Ферари на почетокот на оваа сезона.

Според Марко, Хорнер бил првиот избор на Скудерија за наследник на Матија Биното. Заедно со него во Маранело требало да се пресели и Адријан Њуи, техничкиот гениј најодговорен за развојот на болидите на Ред Бул.

„Разговаравме цела ноќ. Разговор и неколку милиони го убедија Хорнер да остане во Ред Бул и да ја отфрли идејата да оди во Ферари“, истакна Марко.

Според Марко, зголемувањето на платата што го доби Хорнер не влијаело на понатамошниот развој на болидот на Ред Бул.

Под водство на Хорнер, Ред Бул доминира и оваа сезона во Формула 1. Верстапен е на добар пат да ја освои третата титула по ред, додека неговиот клубски колега Серхио Перез е на второто место.

Scroll to Top