Top Sport

Нема место за Маркез во фабричкиот Дукати

Марк Маркез, повеќекратниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, следната сезона ќе вози Дукати, но не за фабричкиот тим туку за Гресини.

Шпанецот нема директна врска со фабриката и има различни ставови за неговата иднина. Паоло Цибати, спортскиот директор на Дукати, изјави дека Маркез би можел да има место во фабричкиот тим на Дукати од 2025 година.

Оваа изјава експресно ја демантираше генералниот директор Џиџи Далиња.

„Во моментов има многу возачи и се е добро организирано. Нема причина ништо да се менува. Никој не размислува да го стави Маркез во официјалниот тим“, изјави Далиња.

За Дукати следната сезона ќе возат двократениот светски шампион Франческо Бањаја и Енеа Бастианини. Марк Маркез во тимот на Гресини ќе вози заедно со својот брат Алекс.

Scroll to Top