Top Sport

ФА подготвува казна за Ешли Јанг

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини играчот на Манчестер јунјатед Ешли Јанг за насилничко однесување на теренот.

Јанг за време на вчерашниот натпревар намерно го удри фудбалерот на Саутемптон Душан Тадиќ.

Судијата Крејг Поусон не го забележа инцидентот и не го санкционира прекршокот, но по прегледувањата на снимката реагираше ФА.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 0:0.

Scroll to Top