Top Sport

Нема враќање на победата на Фетел од Канада

Стјуардите на ФИА го одбија барањето на Себастијан Фетел и Ферари за „ревизија“ на казната од Канадското ГП и покрај тоа што од италијанскиот тим објавија дека имаат „нови докази“ на сослушувањето пред Француското ГП на патеката Пол Рикар.

Фетел беше казнет со 5 секунди за трката во Монтреал за небезбедно излегување од патеката пред Луис Хамилтон во Мерцедес, казна која на крајот се покажа како клучна – Фетел ја загуби победата.

Стјуардите од Канадското ГП се состанаа заедно со претставникот на Ферари, Лорен Мекис, но на крајот одлучија дека „нема значителни и релевантни нови елементи“ за одредувањето на казната.

Scroll to Top