Француската легенда Себастиен Ожие ја освои својата осма титула од Рели ВРЦ шампионатот во последните девет години, по трилер победата над својот колега од Тојота, Велшанецот Елфин Еванс на Монца релито во Италија.
На последната трка, водството се менуваше неверојатни шест пати, пред Еванс да се изврти на претпоследната етапа, дозволувајќи му на Ожие да победи со 7.3 секунди предност пред колегата во Тојота Јарис. Дани Сордо заврши како трет со дополнителни 14 секунди во Хјундаи, додека Тојота со 1-2 победата го обезбеди и трофејот кај конструкторите.
Ова беше неверојатна 54. победа во само 163 релија за Французинот, и сега тој е на само една титула од својот сонародник, деветкратиот шампион Себастие Леб.
#BREAKING Congratulations @SebOgier and Julien Ingrassia – 8x #WRC champions ????????#ToyotaGAZOORacing | @TGR_WRC | #Legend
— WRC – FIA World Rally Championship (@OfficialWRC) November 21, 2021