Top Sport

Нереален потег на Алекс Маркез, леташе преку моторот и не падна (Видео)

Помладиот од браќата Маркез, Алекс, го воодушеви светот со спектакуларниот потег кој го изведе за време на третиот тренинг во Мото 2, во пресрет на трката за Големата награда на Јапонија. Алекс Маркез изведе спасување на моторот што се гледа еднаш во животот.

Тренингот се возеше во тешки услови, поради што помладиот Маркез бил лансиран од својот мотор, но не паднал, туку цело време се држел и на крајот успеал да застане на стартно-целниот правец. Марк Макркез бил воодушевен од потегот на својот брат, рекол дека 50 пати ја гледал снимката.

„Ме надмина. Јас ова да го направев минатата година ќе го дислоцирав рамото. Ја гледав 50 пати снимката и сакам уште да ја гледам. Такви работи се случуваат еднаш или два пати во животот. Би сакал во тој момент да можев да го видам неговото лице под кацигата“, рекол осумкратниот светски првак Марк Маркез.

Марк Маркез веќе ја освои титулата во Мото ГП, а Алекс може на семејството да му обезбеди двојна титула сезонава. Тој е лидер во Мото 2 со 40 бода предност пред Аугусто Фернандез.

Алекс Маркез утрешната трка во Јапонија ќе ја започне од четвртата позиција.

Scroll to Top