Top Sport

Борусија пред дербито го суспендирале Санчо

Вечерашното дерби во Дортмунд помеѓу двете Борусии ќе мине без талентираниот англиски репрезентативец Џејдон Санчо. Тренерот Лусиен Фавр го суспендирал Санчо бидејќи овој доцнел со враќањето во клубот по репрезентативните настапи.

Во пресрет на дербито Фавр морал едноставно да го покаже авторитетот, бидејќи ова не му било прв пат на Санчо да иде недисциплиниран.

Во сезоната 2017/2018 тој неколку пати задоцнил на тренинзите поради што бил префрлен во У-23 тимот на Борусија.

„Очекувањата од Џејдон се големи, но на вакви работи мора да внимаваме. Џејдон е сјајен фудбалер, во тоа никој не се сомнева, но мора уште многу да учи“, рекол Фавр.

Сезонава, во сите натпреварувања, Санчо одиграл 11 натпревари, постигнал четири гола и забележал 11 асистенции.

Дуелот во Дортмунд ќе започне во 18.30 часот.

Scroll to Top