Top Sport

Несреќниот Гасли е „заглавен“ во Дубаи: Можам само до супермаркет

Додека повеќето Формула 1 возачи побрзаа да се вратат во Европа откако стана јасно дека Австралиското ГП во Мелбурн е откажано, возачот на Алфа таури, Пјер Гасли на необичен начин заглави во Дубаи.

Неговиот колега Макс Ферстапен, Себастијан Фетел и Кими Раиконен дури се качија на авион пред официјалното откажување на трката на „Алберт Парк“, но Гасли одлучил да остане малку во Мелбурн.

„Изгледаше помирно таму, немаше многу заразени. Затоа останав уште една недела со мојот личен тренер. Кога ситуацијата се смени и таму, решив да се вратам дома“, вели Гасли во интервју за италијанскиот „Аутоспринт“.

На враќање дома, Французинот решил да се одмори во Дубаи.

„Решивме да останеме тука уште неколку дена. Деновите станаа недели и иако прво имавме целосна слобода, сега работите се постриктни. Смеам да излезам само во супермаркет“, вели Гасли.

Иако, теоретски му е дозволено да се врати во Франција, бидејќи таму ќе мора да седи во изолација и да ги почитува стриктните правила на својата влада, тој реши да го посвети времето на тренинг.

Scroll to Top