Top Sport

Домашниот притвор Роналдињо ќе го „одлежи“ во хотел со четири ѕвездички (галерија)

Бразилската легенда на Барселона, Роналдињо, конечно, излезе од парагвајскиот затвор и сега е во домашен притвор, кој очигледно нема да му „легне“ лошо, бидејќи се работи за престој во луксузен хотел со четири ѕвездички.

Роналдињо останува под истрага откако беше уапсен со неговиот брат Роберто на 6 март во обид да влезе во Парагвај со парагвајски пасоши, за што му се заканува затворска казна од 6 месеци. 40-годишниот Роналдињо откако плати кауција од 1.5 милиони долари се наоѓа во домашен притвор во хотелот „Палмарога“ во престолнината на Парагвај, Асунсион.

Роналдињо таму ќе биде сместен во „претседателскиот апартман“ со сопствен балкон, 55-инчен телевизор и голема бања. Тој исто така ќе добива и рум-сервис, додека неговиот брат ќе биде во „егзекјутив апартманот“, две врати до него. Судијата Густаво Амарилја дозволи двајцата да бидат сместени во хотелот додека се разгледува жалбата на неговите адвокати.

Роналдињо префрлен во домашен притвор

Scroll to Top