Светскиот шампион, Луис Хамилтон побара од Формула 1 да ја зголеми безбедноста, откако вооружени луѓе ограбија членови на тимот на Мерцедес во близината на патеката Интерлагос во Сао Пауло.
„Дел од мојот тим беше држен под нишан откако си заминаа од патеката. Имало истрели, пиштолот бил држен во глава. Ова е навистина вознемирувачки да се чуе. Моите момци се професионалци, но се потресени. Исто така, ова не е првпат да се случува истото тука. Мора да направиме нешто повеќе“, изјави Хамилтон.
Во 2010 година, имаше обид за грабеж на поранешниот шампион Џенсон Батон, но полицијата успеа да се пробие низ метежот за криминалците да избегаат. Механичарите и другиот придружен персонал на тимовите обично доаѓа на патеката со минибус и секогаш добиваат предупредување да не носат тимска облека