Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко открива дека нивниот технички гуру Адријан Њуи отсуствувал неколку недели по пад од велосипед, и кога се вратил во тимот веднаш го пронашол проблемот на тимот од Турското ГП.
Њуи, дизајнерот кој освојуваше титули со Вилијамс, Мекларен и Ред бул, е еде од клучните луѓе во техничкиот тим на „бикот“, но отсуствувал подолго време од тимот откако добил повреди при пад од велосипед и бил на операција.
„Во добра позиција сме, но Њуи секако е лидерот. Неговото отсуство се чувствува, од мотивацијата до вистинската реализација. Но, тој имаше несреќа и беше на неколку операции. Уште е е целосно фит, но веднаш почна со работа и ги препозна проблемите кои ги имавме во Турција со сетапот. Сега ќе следува состанок со Ферстапен во фабриката во Милтон Кејнс за да се заврши работата“, открива Марко.