Top Sport

Пред точно 17 години, Лео Меси дебитираше за Барселона

На 16 октомври 2004 година, фановите на Барселона и љубителите на фудбалот имаа шанса да се запознаат со еден посебен играч – Лео Меси, кој дебитираше за сениорскиот тим на Барселона.

Аргентинецот веќе играше во пријателски меч против Порто на Жозе Мурињо на 16 години, 4 месеци и 23 дена на 16 ноември 2003 година, но потоа играше само во „Б“ тимот на Барселона. Во дербито на гости против градските ривали Еспањол, пред 34.400 фанови, Меси влезе во игра во 82. минута, заменувајќи го Деко.

Со 17 години, 3 месеци и 22 дена и со дресот број 30, Меси играше на десната страна и не успеа да даде гол, ниту да има асистенција при 1:0 победата, но во видеото може да се забележи квалитетот и талентот на Аргентинецот.

По 21 година соработка со Барса, во кои постигна 672 гола и освои 10 титули од Ла лига и 4 од ЛШ, приказната на Меси со каталонскиот гигант заврши ова лето, откако Барса не можеше да му даде нов договор и тој сега е играч на Пари Сен-Жермен.

Scroll to Top