Лидерот во генерален пласман, Тјери Нојвил (Хјундаи) има само три десетинки од секундата предност пред актуелниот шампион Себастиен Ожие (М-Спорт Форд) по драматичниот прв ден на Турското рели.

Петкратниот шампион Ожие скокна од седмото на второто место во петтата етапа на тешките и опасни патишта во близина на Мармарис, поминувајќи го Белгиецот. Меѓутоа, Нојвил врати со победа на следната Ула етапа, а потоа го презеде водството во последната етапа Џиџекли пред колегата Андреас Микелсен, кој заврши на третото место. Најдобрите тројца се разделени со 2.6 секунди.

„Условите за возење беа тешки и секоја грешка ја плаќавме скапо. Мораме да бидеме повнимателни утре“, вели Нојвил.

Нојвил има 23 поени предност пред Ожие во генерален пласман.