Top Sport

Австралија ја исфрли Хрватска во СК во ватерполо!

Ватерполо репрезентацијата на Австралија забележа една од своите најголеми победи во историјата, откако со 9:8 ја совладаа Хрватска во четврт-финалето на Светскиот куп во Берлин, Германија.

Хрватите слабо влегоа во мечот и не покажаа ниту дел од својата препознатлива игра, и иако водеа со еден гол разлика во поголемиот дел од мечот, Австралија прави пресврт во последната четвртина и стигнува до победа. Џо Кејс имаше три гола за Австралијците, чиј тренер е Хрватот Елвис Фатовиќ, додека неговиот син Лорен играше за хрватската репрезентација.

Австралијците во полуфиналето ќе играат со подобриот од мечот Германија и Јужна Африка. Унгарија со 10:8 ги совлада САД и игра со подобриот од дуелот меѓу Србија и Јапонија.

Scroll to Top