Top Sport

Нојвил со шведската победа е нов лидер во ВРЦ

Белгискиот возач на Хјундаи, Тјери Нојвил му го презеде водството во Светскиот шампионат во рели (ВРЦ) на Себастиен Ожие со убедливата победа на Шведското рели во неделата.

Нојвил беше мајстор на снегот во Шведска за да победи со 19.8 секунди предност пред Ирецот Крег Брин (Ситроен), и да избега 10 поени пред Леб по втората трка во шампионатот. Норвежанецот Андреас Микелсен беше трет во второто Хјундаи.

Актуелниот шампион, Ожие, кој победи на Монте Карло релито на почетокот на сезоната беше на 10. место а М-Спорт Форд тимот, но се утеши со четири дополнителни поени во последната „пауер“ етапа, во која победи Есапека Лапи во Тојота.

Нојвил, кој е само вториот не-нордиец со победа во Шведска, доби два бонус поени.

Scroll to Top