Top Sport

Јуве го доби дербито, но го загуби Игуаин (видео)

Јувентус стигна до минимална 0:1 победа против Торино во „Дерби дела Моле“, градското дерби на Пиемонт, благодарение на голот на Алекс Сандро, но останаа без аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин пред клучниот реванш во ЛШ на гости кај Тотенхем.

Игуаин се повреди уште во четвртата минута од мечот по дуелот со Салваторе Сиригу, и мораше да биде заменет од  Федерико Бернардески во 14. минута. Бернардески уште еднаш се покажа како фантастично засилување за „старата дама“, откако направи одличен пробив во 33. минута за да го најде Сандро и да донесе предност за Јувентус.

Со победата, Јуве е привремено на првото место на Серија А, пред мечот на Наполи со СПАЛ, со 65 поени, два повеќе од „партонепеи“. По првиот пораз по седум натпревари, Торино е на 9. место на табелата со 36 поени.

Scroll to Top