Белгиецот Тјери Нојвил (Хјундаи) стигна до првата победа на Португалското рели за да го помине шампионот Себастиен Ожие на првото место во генерален пласман во Светскиот рели шампионат (ВРЦ).
Нојвил го победи колегата на Ожие од М-Спорт Форд, Велшанецот Елфин Еванс за втора победа оваа сезона со одлични 40 секунди предност. Финецот Тему Сунинен во вториот М-Спорт Форд ги победи Есапека Лапи (Тојота) и Дани Сордо (Хјундаи) за свој прв подиум во кариерата. Лапи потоа ја доби супер-етапата за дополнитени три поени во генерален пласман пред Нојвил, додека Ожие на крајот остана без поени.
Neuville Caminha 2 pic.twitter.com/o5jyiNyPmi
— Motorín (@Motorin_Rallye) May 18, 2018
Нојвил ја почна трката во Португалија со 10 поени заостанување зад Ожие, но сега има 19 поени предност откако Ожие и От Танак излетаа во петокот и потоа се вратија во релито без шанси за победа.
„Мислам дека бевме доста умни цел викенд. Имав фантастичен автомобил и се чувствував фантастично. Горд сум на победата, посебно бидејќи во тимот имам многу португалски техничари и ќе има голема забава вечерва“, изјави Нојвил по победата.
Седмата трка на ВРЦ календарот е Италијанското рели на Сардинија од 8 до 10 јуни.