Белгиецот Тјери Нојвил го совлада Себастиен Ожие во трилер-завршницата на првото рели од новата сезона во ВРЦ шампионатот, триумфирајќи на Монте Карло релито.
Нојвил во саботата победи на двете етапи во првото поминување, за на етапа пред крајот да дојде до предност од 1.4 секунда пред Ожие. Францускиот повеќекратен шампион не успеа да го победи во последната етапа, која Нојвил ја доби за неколку стотинки за да донесе победа за Хјундаи. Елфин Еванс во втората Тојота заврши на третото место со 1.7 секунди послабо време од Ожие.
Есапека Лапи беше четврт за М-Спорт Форд, додека легендарниот Себастиен Леб имаше лоша трка и заврши како шести со Ситроен зад Кале Рованпера во Тојота.