Top Sport

Раџа го расипа совршеното деби на Јанг – Интер со трето реми во низа! (видео)

Раџа Наинголан постигна гол за израмнување против својот поранешен клуб, за Интер и Каљари да одиграат 1:1 на „Сан Сиро“ за трето реми во низа за тимот на Антонио Конте, кој очигледно го губи здивот во битката со Јувентус за титулата во Серија А.

А почна совршено за новото засилување на тимот, ветеранот Ешли Јанг, кој пристигна од Манчестер јунајтед. Тој во 29. минута од мечот, совршено го пронајде Лаутаро Мартинез за „нераѕурите“ да поведат со 1:0.

Меѓутоа, Наинголан, кој имаше разочарувачка една сезона во Интер, во 78. минута со удар од над 20 метри успеа да го изненади Хандановиќ и да донесе поен за клубот од Сардинија. Уште пофрустрирачки за Интер, Лаутаро доби втор жолт картон во финишот на натпреварот поради неспортско однесување.

Сега, Интер останува на второто место во Серија А со 48 поени, три помалку од Јувентус, кој денеска гостува на Наполи. Каљари се шести со 31 поен.

Scroll to Top