Екипата на Мекларен, објави дека Ландо Норис го продолжил договорот. Еден од најталентираните возачи во Формула 1, ќе остане во Мекларен најмалку до 2025 година.
Ландо Норис, втор пат во кариерата го продолжи договорот со Мекларен. Во 2021 година стави потпис на новиот договор.
Во кариерата еднаш се изборил за старт од пол-позицијата, а четири пати бил на подиумот меѓу најдобрите тројца.
Во новата сезона, Мекларен, влегува со истата постава од претходната, колега на Норис ќе му биде искусниот Австралиец, Даниел Рикардо.