Top Sport

Норис му се извини на Хамилтон за забелешката дека „болидот победува“

Возачот на Мекларен, Лендо Норис се најде во незавидна ситуација му се извинува на британскиот сонародник Луис Хамилтон, откако не беше многу импресиониран од неговата 92. победа во кариерата во неделата на Португалското ГП.

Хамилтон го помина рекордот на Шумахер со 25 секунди предност пред колегата Валтери Ботас во уште една доминантна трка за Мерцедес и Норис по трката изјави дека до рекордот стигнал „лесно“ поради супериорноста на својот болид.

„Само сум среќен за него, ништо повеќе. Рекордот не значи ништо, навистина. Тој е во болид со кој би требал да победува на секоја трка. Треба да победи еден-двајца возачи и тоа е тоа. Сепак, тој уште ја завршува работата како што треба“, вели Норис.

По реакцијата на фановите на Хамилтон на социјалните мрежи дека со ова младиот возач покажува големо непочитување, Норис се извини преку Твитер.

„Дожлам извинување. Бев глупав и невнимателен со некои работи кои ги кажав во последно време во медиумите и во интервјуата и не ја покажав потребната почит кон одредени луѓе. Не сум таков човек, така што сакам да се извинам на сите“, напиша 20-годишниот Норис.

Scroll to Top