Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Унгарија пред тимскиот колега и лидер во генералниот пласман, Оскар Пјастри, односно Џорџ Расел од Мерцедес. Британецот во Мекларен ја забележа петата сезонаска победа, овој триумф е негов деветти во кариерата.
Ландо Норис победи на Хунгароринг благодарение на тактиката. Ризикот со само едно влегување во боксот му се исплатеше, на крајот во последните три круга успеа да се одбрани од нападите на Пјастри.
Џорџ Расел возеше одлична трка, на 10 круга до крајот го обезбеди подиумот, кога успеа да го мине Шарл Леклер од Ферари. Леклер стартуваше од пол-позицијата, водеше во првата половина од трката, на крајот поради лошата стратегија на тимот остана без место на подиумот.
Петтото место му припадна на ветеранот Фернандо Алонсо (Астон Мартин), а шестото на возачот на денот, Габриел Бортолето од кик Заубер, пред Ленс Строл во вториот Астон Мартин, додека Лиам Лосон од Рејсинг Булс беше осми. Освојувачите на бодови ги комплетираа бранителот на титулата Макс Ферстапен и Кими Антонели во вториот Мерцедес.
Покрај дуелот меѓу Мекларените, трката беше обележана и со потегот на Ферстапен, кој во еден момент практично го истурка од патеката својот голем ривал Луис Хамилтон, кој на крајот ја освои 12-та позиција. Раководството на трката ќе го истражува овој инцидент.
Пијастри сега води во генералниот пласман со 284 бода, девет повеќе од Норис, додека Ферстапен е трет со 187.
Формула 1 сега има летна пауза што трае до Големата награда на Холандија на „Зандворт“, која е на програмата од 29 до 31 август.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari