Top Sport

Норис победи во Бразил, Ферстапен блескаше на патеката, Ферари доживеа дебакл

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од шампионатот во Формула 1.

Норис доминираше на патеката Интерлагос, прво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка.

Второто место го освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а трет заврши Макс Ферстапен иако имаше многу лоша почетна позиција (стартуваше од пит-лејнот), како и лоша среќа бидејќи на стартот му се дупна гумата.

Четвртото место му припадна на Џорџ Расел во друг Мерцедес, веднаш пред Оскар Пјастре на Мекларен.

Оли Берман од Хас ја освои шестата позиција, 29 секунди зад Норис, додека Лиам Лосон, Исак Хаџар, Нико Хулкенберг и Пјер Гасли исто така освоија поени.

Беше возбудливо од самиот почеток, Бортолето ја заврши трката во првиот круг по судир, потоа и Шарл Леклерк ја заврши трката во седмиот круг по судир со Кими Антонели, кој го предизвика Оскар Пјастри. За инцидентот Пјастри заработи казна од 10 секунди.

Потоа, Луис Хамилтон исто така се откажа од трката во 42-от круг и се повлече во боксот, со што го комплетира ужасниот викенд на Ферари.

До крајот сите гледаа во Ферстапен, кој напредуваше во поредокот, успеа да го мине Расел за третото место, но не и младиот Антолени, кој успеа да се одбрани во последните кругови.

Нè очекува возбудливо финале на шампионатот, Норис е лидер во генералниот пласман со 390 поени, тој има 24 поени повеќе од второпласираниот Пјастри. На третата позиција е Верстапен, кој има 341 поен.

Борбата за титулата продолжува со Големата награда на Лас Вегас, која е закажана за 20-22 ноември.

Scroll to Top