Top Sport

Нова лудост во Баку! Перез до победа, Хамилтон се „самоуништи“!

Серхио Перез без мака ги комплетираше последните два круга од Азербејџанското ГП, кое ни приреди уште една драма по излетувањето на Макс Ферстапен, откако неговиот главен ривал за титулата, шампионот Луис Хамилтон несфатливо ја заврши трката на последното место по обидот да го помине Перез на рестартот и губењето на контролата на болидот!

Овој несфатлив пропуст на Хамилтон значи дека нема промени во генерален пласман, односно Ферстапен останува лидер во генерален пласман.

На крајот, од ова профитираше фантастичниот Себастијан Фетел, кој заврши како втор за Астон Мартин, а Пјер Гасли во Алфа Таури го комплетираше подиумот.

Покрај овие тројца на подиумот, во поени во Баку беа и освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер (Ферари), Лендо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Јуки Цунода (Алфа Таури), Карлос Саинс Јуниор (Ферари), Даниел Рикардо (Мекларен) и Кими Раиконен (Алфа Ромео).

Ваквиот исход дојде откако Ферстапен беше на чекор до спектакуларна 1-2 победа за Ред бул кога на четири круга пред крајот му се дупна гумата предизвикувајќи црвено знаме и прекин на трката. Ферстапен водеше во поголемиот дел од трката, откако неговиот тим заврши многу подобра работа при влегувањето во боксот, оставајќи го Хамилтон на третото место пред да му се случи инцидентот (повеќе во линкот подолу).

Дупнатата гума му ја „украде“ победата на Ферстапен, ќе имаме ли рестарт?

Scroll to Top