Тифозите не можат да бидат задоволни. На домашното ГП во Монца, болидот на Себастијан Фетел изддржа само седум кругови, откако поради откажување на системот на сопирачки, тој ги „здроби“ бариерите покрај патеката, по што се откажа од трката.
Фетел стартуваше само на 17. место и не успеа да се искачи некоја позиција погоре пред да му се случи несреќата. Неговиот колега, Шарл Леклер стартуваше од 13. место и по првите кругови е на истата позиција.
#Vettel can now watch the race from Parabolica #F1 #ItalianGP pic.twitter.com/8tf7ZqUrME
— Mattzel89 (@Mattzel89) September 6, 2020