Top Sport

Нова победа за Ферстапен, Норис и Хамилтон ги израдуваа Британците

Макс Ферстапен забележа нова победа во тековната сезона во Формула 1. Холанѓанецот победи на трката за Големата награда на велика Британија во Силверстон. Домаќинот има причина за задоволство бидејќи на второто и третото место се пласираа Британците Ландо Норис (Мекларен) и Луис Хамилтон (Мерцедес).

Ферстапен само на почетокот на трката имаше проблеми, кога ја загуби првата позиција од Норис. Возачот на Мекларен беше лидер пет круга, кога Ферстапен се врати на чело на колоната.

До крајот Холанѓанецот рутински ја задржа својата позиција и дојде до 43. победа во кариерата.

Норис, во еден дел од трката, жестоко ја бранеше и на крајот ја одбрани својата позиција од постариот сонародник, Хамилтон. Тоа се случи на 14 круга до крајот кога од патеката се тргна безбеносното возило. Возилото за безбедност излезе на стазата кога се запали болидот на Кевин Магнусен.

Одличниот викенд за Мекларен го надополни младиот Оскар Пјастри кој заврши на четвртото место.

Мерцедес благодарение на одличната стратегија стигна до третото и петтото место. За разлика од Мерцедес, Ферари повтроно потфрли со стратегијата, леклер и Саинц стартуваа од четвртото и петтото место, на крајот завршија како деветти и девсетти.

Голема награда на Велика Британија, конечен пласман:

Макс Ферстапен (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес), Оскар Пјастри (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Серхио Перез (Ред Бул), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Алекс Албон (Вилијамс), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Ферари)

Scroll to Top