Top Sport

Новата девојка на Алонсо е Ф1-новинарка

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо, очигледно има новаа девојка, австриската Ф1-новинарка, Андреа Шлагер, откако двајцата објавија заеднички фотографии од Мајами ГП трката минатиот викенд.

Алонсо беше оженет со поп-пејачката Ракел де Росарио од 2006 до 2011 година, по што беше во врска со уште четири девојки, иако последните неколку години гордо изјавуваше дека не е во врска.

Очигледно, новата љубов е пронајдена во Ф1-боксот, во 39-годишната Шлагер, која за телевизиската куќа „Сервус ТВ“, пренесува Формула 1, Мото ГП и тенис.

Scroll to Top