Top Sport

Во Реал сите учат од мајсториите на Модриќ

Фудбалерите на Реал Мадрид, очигледно во одлично расположение, го очекуваат големото финале на Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај во Париз, со фантастична атмосфера на тренинг, каде што „магионичарот“ Лука Модриќ ги „учи“ своите соиграчи на одредени трикови.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Модриќ прво дава фантастичен гол со надворешен удар, а откако добива честитки од Лукас Васкез, а веднаш потоа, Бразилецот Касемиро се обидува да го повтори неговиот удар.

„CTRL-C, CTRL-V“, велат од Реал Мадрид.

Scroll to Top