Светскиот совет за моторни спортови на Меѓународната автомобилистичка федерација ги одобри новите прописи за Формула 1 моторите кои се очекуваат во 2026 година.
Од 2026 година, Формула 1 моторите ќе користат 100 проценти одржливи горива и ќе имаат зголемување на потрошувачката на електрична енергија до 50 проценти во споредба со сегашните нивоа, објасни ФИА во соопштението.
Моторите ќе имаат слични перформанси како сегашните модели „кои користат V6 мотори со внатрешно согорување со голема моќност и вртежи“, но со намален проток на гориво.
„Воведувањето на напредна технологија за погон и одржливи синтетички горива е дел од нашата цел да влијаеме врз луѓето, а нашата цел е нула емисии на јаглерод до 2030 година“, вели претседателот на ФИА, Мохамед Бин Сулејем.
Трошоците за развој на новите мотори исто така ќе бидат ограничени до 2023 година. Според Федерацијата, новите прописи „се наменети да овозможат и привлечат“ нови производители на мотори.
Меѓу нив, германскиот производител Порше би можел да го потпише своето враќање како производител на мотори во врвната категорија на мотоспортот во партнерство со тимот на Ред Бул.