Top Sport

Еурофарм Пелистер го претстави пикерот Васиљев: Дојдов во Битола да освојувам трофеи

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер значително ја засили пикерската позиција во тимот за следната сезона. Покрај македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, нов член е и стандардниот репрезентативец на Русија, Денис Васиљев.

„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Денис Васиљев.

Тој е освојувач на три шампионати и три национални Купа на Русија со Чеховски Медведи, а има и украинска титула со Мотор.

Scroll to Top