Top Sport

Новиот болид на Мекларен ги мина првите километри

По синоќешнито претставување на новиот болид, возачите на Мекларен, претпладнево ги возеа првите кругови со новиот болид „MCL35M“. На патеката Силверстон, Ландо Норис и Даниел Рикардо, го одработија првиот од двата дена кои се предвидени за снимањето на промотивниот филм, „100 километри“.

Покрај снимањето на промо-филмот, возачите на Мекларен, ќе имаат можност и да извршат проверка на системите во болидот.

Оваа година, Мекларен, го обнови партнерството со Мерцедес. Мекларен и Мерцедес, во периодот од 1996 до 2014 година, освоија три титули меѓу возачите и една во конкуренција на конструкторите.

 

Scroll to Top