Ферари ќе го претстави својот нов болид за сезоната 2018 година на 22 февруари, четири дена пред стартот на зимското тестирање во Барселона.
Италијанскиот тим оваа година се врати на победите по разочарувачката 2016 во која немаше победи, но петте триумфи не беа доволни Себастијан Фетел да го победи Луис Хамилтон во Мерцедес за трофејот. Надежите во 2018 година се дека конечно ќе се скрши четиригодишната доминација на „Сребрената стрела“.
Ферари ќе го претстават болидот во четврток на 22 февруари преку онлајн презентација, по што ќе има еден ден тест за снимање на реклами пред стартот на зимското тестирање на 26 февруари во понеделник.