Top Sport

Новото предно крило на Мерцедес е нелегално?

Пред стартот на новата Ф1 сезона, главна тема беше иновативиниот дизајн на предното крило на тимот на Ферари и можноста Мерцедес да го копира тоа решение. Сега, пред Кинеското ГП, актуелниот шампион донесе ревидирано предно крило, но стјуардите на ФИА одлучиле дека тоа е нелегално, слично како решенијата на Ред бул и Вилијамс на претходните две трки.

Според угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“, Мерцедес морале да направат корекции на дизајнот на крилото – задната плоча била премногу „пресечена“ додека новите правила тврдат дека таа мора да го покрие целосно крилото кога се гледа од страна.

Извештајот додава дека Мерцедес ја користеле „нелегалната“ верзија на денешните тренинзи во Шангај, бидејќи официјално според правилникот на ФИА, болидите мора да се според правилата само за квалификациите и за трката.

Во првите две трки од сезоната, Ред бул и Вилијамс ја искористија „дупката“ во правилата, но ФИА ги разјасни правилата, по што тие мораа да го сменат својот дизајн.

Мерцедес го „утнаа“ дизајнот, можна е целосна ревизија на предното крило? (галерија)

Scroll to Top