Top Sport

Ковач ја потврди тепачката меѓу Левандовски и Коман

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач потврди дека Кингсли Коман и Роберт Левандовски имале „пресметка“ на тренингот на германскиот шампион, но посочи дека нема да има казнети бидејќи несогласувањата се надминати.

Вчера „Билд“ објави дека Коман и Левандовски морале да бидат разделувани од Никлас Зиле и Џером Боатенг, откако Полјакот го критикувал својот соиграч.

„Имаше тепачка меѓу двајцата фудбалери кои беа именувани во медиумите. Тројцата разговаравме по тренингот и тие се извинија за своето однесување. Никој нема да биде казнет, бидејќи двајцата имаа разбирање, што е многу важно. Таа работа сега е завршена“, изјави Ковач на прес-конференција.

Иднината на Левандовски во Баерн останува нејасна откако тој неодамна изрази интерес да се обиде со нов предизвик, но други извори од Германија тврдат дека тој ќе го продолжи договорот. Баерн се на првото место во Бундеслигата со поен предност пред Борусија Дортмунд откако минатиот викенд во „Дер класикер“ ги демолираа „милионерите“ со 5:0. Баерн исто така е во полуфиналето на ДФБ купот, каде што играат со Вердер за можно финале против Хамбург или РБ Лајпциг.

Билд: Левандовски и Коман се степале на тренинг

Scroll to Top