Top Sport

Објавена интимна снимка на Хамилтон и Никол Шерцингер (Видео)

На интернет деновиве се појави провокативно видео на поп ѕвездата Никол Шерцингер и светскиот првал во Формула 1, Луис Хамилтон. Домашното видео е снимено во 2015 година.

Хакерите успеале некако да дојдат до снимката, на која Хамилтон ја бакнува Никол. Видеото како што пишуваат британските медиуми и го „скршило срцето“ на пејачката.

„Видеото и го скрши срцето. Снимено е со мобилен телефон и никогаш не требаше да излезе во јавноста“, изјави близок пријател на пејачката за „Сан“.

Луис Хамилтон и Никол Шерцингер крај на својата осум годишна врска ставија токму во 2015 година.

Хамилтон сега е во врска со Русинката Анастасија Квитко, додека Никол Шерцингер неодамна раскина до бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Scroll to Top