Top Sport

„Нема да го продадеме Икарди во Јувентус“

Претседателот на Интер, Стивен Жанг, рекол дека „нема шанси“ Мауро Икарди да замине во Јувентус. Икарди веќе неколку дена е централна тема во италијанските медиуми, откако клубот реши да му ја одземе капитенската лента.

Лајт мотив на целата ситуација е новиот договор на Икарди. Клубот и сопругата на фудбалерот, која е и негов менаџер, никако не может да го договорат условите под кои Икарди би го продолжил договорот.

Менаџерката бара не помалку од девет милиони годишна плата за Икарди. Челниците на Интер не се подготвени да понудат најмногу 7,5 милиони евра плус бонуси.

Во целата оваа сапуница се појавува и Јувентус, како наводно заинтересирана страна за потписот на Икарди.

„Во фудбалот никогаш не можете да кажете дека нема да имате деловна соработка со Јувентус. Нооваа ситуација е посебна и нема шанси Икарди да замине таму. Синоќа разговаравме и сите сакаме да ставиме крај на оваа приказна. Преговараме околу новиот договор, но не заборавајте дека нашата филозофија е дека групата е секогаш поважна од поединецот. Можам само да кажам дека во летниот преоден рок ќе бидеме многу активни на пазарот“, рекол Женг.

Scroll to Top