Директорот на Мерцедес – Тото Волф вели дека Ф1 екипата мора некои работи да ги надополни за да ја „разбие формата“ на Ред Бул чиј возач Макс Ферстапен има 19 бодови предност пред Луис Хамилтон на 4 трки до крајот на шампионатот.
Следната трка се вози во Бразил, на „Интерлагос“, патека која, според Волф, им „лежи“ на „биковите“.
Во последните 4 трки Мерцедес влегува со само 1 бод повеќе од Ред Бул, меѓу конструкторите.
Ферстапен доминантно триумфираше во Мексико во неделата, а доколку слави победа и во Бразил значително ќе си ги зголеми шансите до освојувањето на првата шампионска титула во кариерата.
„Се надевам дека може да им ја разбиеме формата, затоа што тоа е патека на Ред Бул. Ќе дадеме се од себе да возвратиме“ изјави Волф за „Скај“.
На последните 4 трки возени во Бразил, Ферстапен и Хамилтон имаат по 2 победи.
Во сабота ќе се одржи спринт трка која ќе ги позиционира возачите пред неделната трка.
„Не бевме најјаки на таа патека минатите сезони, но оваа година се покажа дека се може да се случи. Ќе дадеме се од себе во Бразил, привилегирани сме што и понатаму сме во трката за титулаа, очекувам борба до самиот крај, очекувам двете екипи да се борат максимално се до последниот круг“ вели Волф.
Трката за ГН на Бразил на „Интерлагос“ во Сао Паоло ќе се вози во недела со почеток од 18 часот.