Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека седумкратниот светски шампион и ривал од Мерцедес, Луис Хамилтон сака да е „помалку театрален“ со своите радио пораки како на Холандското ГП во неделата.
Хамилтон направи неколку коментари до својот тим околу состојбата на нивните гуми и стратегијата на Мерцедес на трката во Цандфорт, каде што не успеа да го помине Макс Ферстапен. Двајцата возачи беа на стратегија со две влегувања во боксот, но со различни состојки на гумите во финишот – Хамилтон имаше „средни“, додека Ферстапен отиде на „тврди“ гуми.
„Хамилтон сака да биде малку театрален. Ние ја следевме стратегијата на Мерцедес внимателно и видовме дека ситуацијата беше критична, но само кај Валтери Ботас. По второто застанување помисливме да одиме на тврди гуми без проблем. Хамилтон нападна, но Макс немаше проблеми. Сепак, Луис се бореше од почетокот. Сакам да ги пофалам Холанѓаните, но и Мерцедес и Луис Хамилтон. Тркањето треба да биде токму такво“, вели Марко.