Top Sport

Пеле потврди дека бил на операција за тумор на дебелото црево

Бразилската фудбалска легенда преку социјалните мрежи потврди дека имал успешна операција за вадење на тумор од дебелото црево, кој бил откриен на рутинските лекарски прегледи минатата недела, откако во бразилските медиуми се објави веста дека тој веќе шест дена е во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло.

80-годишниот Пеле вели дека е оптимистички расположен за опоравувањето и вели дека му останува насмевката на лицето.

„Минатата сабота бев на операција за отстранување на сомнителен оток во дебелото црево. Туморот беше откриен при тестовите кои ги споменав минатата недела. За среќа навикнат сум да прославувам големи победи покрај вас. Ќе се соочам со овој меч со насмевка на лицето, многу оптмизам и радост што сум опкружен со љубовта на семејството и пријателите“, напиша Пеле.

Пеле пак во болница, но нема причина за загриженост, вели неговиот менаџер

Scroll to Top