Top Sport

Одложени трките во Муџело и Барселона

Светската авомобилска федерација и Дорна објавија дека се одложени Големата награда на италија и Големата награда на Каталонија, поради пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19.

Досега во сезоната се возеше само Големата награда на Катар. И оваа трка беше нецелосна бидејќи не се возеше трката во „кралската класа“.

Потоа беа одложени трките во Аргентина, Тајланд, САД, Херес и Ле Ман. За првите три се најдени нови термини (октомври и ноември), додека се уште не е познато дали воопшто ќе се возат трките во Шпанија и Франција.

Сега е јасно дека нови датуми ќе мора да се бараат и за трките во Муџело и Каталонија кои според календарот требаа да се одржат на 31 мај и 7 јуни.

Првата наредна трка во сезоната е Големата награда на германија на 21 јуни.

Scroll to Top