Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон од пред неколку дена официјално е „слободен агент“, откако му заврши договорот со Мерцедес и уште нема потпишано продолжување со „Сребрената стрела“.
Според веб-сајтот „Моторспорт“, една од главните прични за ова, покрај превисокото барање за плата, било и „однесувањето“ на Хамилтон кое во Дајмлер не гледаат најдобри намери. Според нивните извори, Дајмлер, кои до неодамна беа целосни газди на Ф1 тимот (пред да продадат 33 отсто на ИНЕОС и 33 отсто на Тото Волф), му понудиле на Британецот договор со 40 милиони евра по сезона и 10 отсто бонус ако ја освои титулата во 2021 година.
Ова било одбиено од Хамилтон иако повеќето Ф1 возачи ќе добијат помали договори поради кризата со КОВИД-19, и од Дајмлер му дале зелено светло на Тото Волф бргу да ги заврши преговорите, но само ако се исполнети условите кои ги поставува првиот човек на германската групација, Ола Калениус.