Top Sport

Да не се претерува? Се подготвува отказ за младински фудбалери за новогодишна забава!

Англискиот третолигаш Оксфорд јунајтед, суспендирал два члена на нивниот младински тим, откако тие ги прекршиле правилата за КОВИД-19 и присуствувале на новогодишна забава, а се размислува тие да добијат отказ, јавува „Дејли мејл“.

Двајцата фудбалери, кои играат за У-21 и У-18 тимовите на Оксфорд, може да станат првите фудбалери кои добиле отказ за прекршување на правилата за спречување на ширењето на корона вирусот. Иронично, дури пет меча на Оксфорд се откажани оваа сезона поради КОВИД-19 во притивничките тимови.

Оваа драстична мерка доаѓа откако повеќе фудбалери од Премиер лигата ги прекршија строгите британски правила. Бенжамин Менди од Манчестер сити поканил готвач и двајца пријатели на неговата партнерка за Нова Година, а триото на Тотенхем, Серхио Регуилон, Ерик Ламела и Џовани Ло Селсо заедно со Мануел Ланзини од Вест хем го поминаа Божиќ заедно со уште 11 луѓе. Исто така, Кристал палас и Фулам почнаа истрага за однесувањето на Лука Миливојевиќ и Александар Митровиќ, откако соиграчите од српската репрезентација ја поминаа Нова година со уште најмалку седум луѓе.

Scroll to Top