Германскиот производител на автомобили Ауди потврди дека ќе влезе во Формула 1 од 2026. Познато е дека Ауди ќе произведува агрегати, но се уште не се знае дали за четири години ќе има свој тим.
Промените во правилата во однос на погонските единици дефинитивно го означија влегувањето на Aуди во најбрзиот циркус во светот, а од друга страна Германците не можеа да останат имуни на големата популарност што ја добива Формула 1.
Ауди го најави влезот во Формула 1 пред Големата награда на Белгија, од компанијата соопштија дека до крајот на годината ќе откријат кој ќе го сочинува тимот во 2026 година.
Фабриката ќе биде поставена во Нојбург, што значи дека првпат по повеќе од една еден тим ќе има своја фабрика во Германија.
Посочија и дека тестирањата се веќе во тек, а во моментов се работи на собирање кадар, создавање простор и техничка инфраструктура. Ќе имаат три години да подготват се.
Сè уште не е познато со кој тим Ауди ќе биде партнер, но најверојатно ќе го откријат до крајот на 2022 година. Се шпекулираше дека Ауди ќе го купи Заубер, кој моментално го носи името Алфа Ромео и користи мотори на Ферари.
Спомнати беа и Мекларен, Вилијамс и Астон Мартин, овие тимови ја користат погонската единица на Мерцедес.
Влезот на Ауди во F1 всушност го претставува влезот на групацијата Фолксваген во овој шампионат, а интересно е и тоа што иста идеја за F1 ја има и сестринската компанија на Ауди, Порше.
Познато дека Ауди сака сопствен мотор, додека Порше има идеја да започне партнерство со Ред Булl, кој развива мотор со Хонда го развива моторот оваа сезона.