По неколкумесечни шпекулации, потврдено е дека Ауди ќе влезе во Формула 1 од 2026 година. Ауди ќе стане стратешки партнер на Заубер.
Германскиот производител пред неколку месеци го најави влезот во Формула 1 со очекување дека ќе биде со веќе постоечки тим, а не со нов.
Ауди потврди дека веќе започнале да работат на новата погонска единица.
„Следниот важен чекор кон влезот во Формула 1 е завршен: Ауди го избра Заубер како стратешки партнер за овој проект и планира да купи удел во групацијата Заубер“, се вели во соопштението.
Заубер ќе продолжи да ги произведува останатите делови за болидите кои ќе се користат на патеките во Ф1, како и да донесува одлуки за планирање и извршување на тркачките операции.
🚨MAK JEGAGIK NEWS🚨
Audi resmi menjadi penyuplai mesin untuk Sauber per tahun 2026. Artinya akan ada 6 konstruktor yang bertanding di grid. Sangat menarik. pic.twitter.com/iAslMotF0a
— Sembalap F1 (@SembalapF1) October 26, 2022