Top Sport

Официјално: Гресини Рејсинг за следната сезона го потврди Марк Маркез

Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, од следната сезона ќе се натпреварува за Гресини Рејсинг, потврдија од тимот.

Ваквото сценарио беше најавено и минатата сезона, кога беше јасно дека Марксес нема да остане до крајот на договорот со Хонда.

Пред една недела добивме потврда, кога двете страни се договорија тековната сезона да биде последна за Маркез во Хонда. Двете страни спогодбено го раскинаа договорот една година порано.

Маркез ги освои сите шест титули во „кралската класа“ во Хонда, во 2020 година возеше заедно со помладиот брат Алекс. Тие двајца следната сезона ќе бидат колеги во новиот тим.

Оваа сезона шпанскиот возач освои само 22 бода во „кралската класа“.

Маркез ја оствари својата прва победа во „кралската класа„ на „Хонда RC213V“, на Американското ГП во 2013 година во Тексас и стана најмладиот победник во најсилната класа, а потоа и најмладиот светски шампион една година подоцна.

Неговиот брат Алекс пристигна во „кралската класа“ во 2020 година, откако ја освои титулата во категоријата Mото2, откако претходно пет години претходно беше најдобар во Mото3.

Scroll to Top