Top Sport

Огромен пад на приходите на Ферари

Ферари ги објави своите последни финансиски извештаи за вториот квартал на 2020 година, со огромно намалување на приходите како последица на пандемијата на КОВИД-19.

Италијанскиот производител на спортски автомобили минатиот втор квартал од 2019 заработиле 184 милиони евра, додека оваа година во периодот од април до јуни има профит само од 9 милиони евра. Покрај слабата продажба на автомобилите, доцниот старт на сезоната 2020 и откажувањето на многу трки во Формула 1 шампионатот носат огромно намалување на профитот.

„Јасно е дека имаме загуби од десетина милиони евра. Следната година би требало да биде подобра, бидејќи се надеваме дека ќе имаме целосен календар и ќе имаме приходи од спонзорите и од комерцијалните права. Тешко е да се споредува 2020 со било која година“, вели генералниот директор на Ферари, Луис Камилери.

Извештајот за вториот квартал покажува дека само од Формула 1, Ферари загубиле очекуван приход од 48 милиони евра. Камилери исто така призна и дека слабата форма на болидот носи голема загриженост.

„Нема сомнеж дека сме во тешка сезона, со болид кому му недостасуваат многу перформанси. Нашите ривали, посебно Мерцедес, се многу силни, но верувајте дека работиме секојдневно на подобрувањето на болидот“, додава Камилери.

Scroll to Top